„Сандаче на добрина“
Наставничката Пандора Алексова Запаренко применува прекрасна иницијатива за поттикнување на доброто однесување на учениците. Имено, нашите другарчиња од III 2 одд. прават добри дела и истите ги запишуваат и поставуваат во т.н. „Сандаче на добрината“. На крајот од секој месец истите ги читаат, пофалуваат и „наградуваат“.
Обидете се и вие со овој механизам на фаворизирање на доброто однесување. Веруваме дека на овој начин ќе му дадеме предност на другарството, а ќе го истиснеме насилството од нашето секојдневие.
Обидете се и вие со овој механизам на фаворизирање на доброто однесување. Веруваме дека на овој начин ќе му дадеме предност на другарството, а ќе го истиснеме насилството од нашето секојдневие.