Пипи долгиот чорап е мало симпатично девојче со бујни плетенки и многу бемки на лицето. Пипи е ќерка на капетан на брод, кој заминува на долга пловидба низ отворено море, а таа останува да живее сама во својата куќа во едно мало место, заедно со својот мајмун Нисон и својот коњ Алфонзо. Пипи е неверојатно интелигентна за својата возраст, има и одлична смисла за хумор, а нејзиното лице секогаш блеска со полна насмевка. Нејзини најдобри пријатели се нејзините драги соседи - Томи и Аника. Нивната мајка, условно кажано по малку ја задева во поглед на нејзиното образование и тоа што живее со животни. Тие заедно доживуваат многубројни авантури кои речиси секогаш завршуваат на комичен начин, а тие се разбира излегуваат како победници. Како Пипи долгиот чорап тргнува на училиште? На кој начин таа „игра’’ брканица со полицајците? Како таа заедно со Томи и Аника организира „протест’’ во малото место? И кои се многуте луди авантури кои Пипи ќе ги доживее со своите пријатели? - откријте низ страниците на ова прекрасна книга, за која верувам дека оствавила трага на смеа, кај секој оној што ја прочитал.