Не лути се човече
Секој играч одбира четири фигури во иста боја. Целта на играта е сите свои фигури да ги донесе до својата ''куќичка''. Играта ја започнува играчот, кој со фрлањето на коцките прв ќе добие шестка. На почетокот на играта секој играч има право на три обиди, но само на почетокот на играта. Кога играчот ќе добие ''шестка'' една од своите фигури ја поставува на стартот, потоа треба уште еднаш да ја фрли коцката и да се помести за толку полиња колку што покажува коцката. Потоа на ред доаѓа следниот играч.
После секоја ''шестка'' играчот може или да стартува уште една фигура или да ја помрднува фигурата за шест полиња, а потоа има право на уште едно фрлање.
Ако играчот застане на полето на кое е другиот играч, играчот мора да ја ''турне'' фигурата на соиграчот, кој мора да застане пак на почетокот, но има право на уште едно фрлање затоа што играта е уште во тек.
Во крајната цел ''куќичката'' се влегува кога коцката ќе покаже точно онолкав број, колку што играчот е оддалечен до таа цел. На пример ако играчот е две полиња оддалечен од куќичката, коцката мора да го покаже бројот два. Ако покаже повеќе, играчот останува на местото и чека ново фрлање.
Победник е оној играч кој ќе успее да ги донесе сите свои фугури во ''куќичката''.