Стоп- насилство!
Наставничката Лилјана Алабаковска со учениците од трето одделение реализираше работилница со цел учениците да препознаваат насилство и да знаат каде можат да побараат заштита од насилничко однесување,
да умеат да побараат помош кога се жртви на насилничко однесување и да ја согледаат потребата да се заштитат себе си од насилничкото однесување.
(погледни фотографии...)
да умеат да побараат помош кога се жртви на насилничко однесување и да ја согледаат потребата да се заштитат себе си од насилничкото однесување.
(погледни фотографии...)
Видови насилство
Со цел да се разбере сериозноста на секојдневните проблеми- закачки помеѓу учениците наставниците Атанас Пеев и Лидија Ш. Шокларовска истражуваа со учениците на тема насилство, од што учениците препознаа и издвоија различни форми. Во нив го препознаа своето однесување и станаа свесни каде води тоа. Заклучокот на сите беше дека тоа не треба така да биде!
(погледни презентација...)
(погледни презентација...)
Насилството околу нас
Наставничката Весна Димитровска со своите ученици од V4 одделение дискутираа на тема насилството околу нас. Во нивното секојдневие, во нивното опкружување постојат секојдневни ситуации кои водат кон насилство. Учениците во групи ги истражуваа различните опкружувања и насилството во нив и прикажаа преку стрипови како не треба да се однесуваме за насилството да не заземе поголем замав.
(погледни фотографии...)
(погледни фотографии...)
Кон што води насилството
Наставничката Маргарита Поповска со ученици од VI одделение, а во соработка со психолог во Битолскиот затвор, реализираше работилница за препознавање на видови насилство. Воедно беше изведен заклучок дека насилството треба да се спречи на време, зато што може да води кон сериозни последици.
(погледни фотографии...)
(погледни фотографии...)