“Кент” е игра која се игра со карти. Таа може да се игра со 2 или 4 играчи. Но ние ви препорачуваме оваа игра да ја играте со 4 играчи бидејќи така е поинтересно. Играчите од едниот пар седнуваат еден наспроти друг, а истото го прават и играчите од другиот пар. Најпрво двајцата играчи од првиот пар треба да смислат знак кој што само тие ќе го знаат. Истото треба да го направи и другиот пар. Откако сите ќе си смислат знак седнуваат на своите места. На секој играч се делат по четири карти. Исто така на масата се оставаат четири карти. Целта на играчот е тоа што тој треба да собере четири исти карти, да го направи знакот што веќе го смислиле со својот соирач, а неговиот соиграч треба да го забележе знакот и да рече “КЕНТ”, но може и обратно. Истото може да го направи и другиот играч. Но притоа за да ја земеш потребната карта треба да остави една карта од своите. Внимавајте додека играчот го прави знакот на својот соиграч, играчите од другата група може да го забележат и да речат СТОП КЕНТ. Ако навистина играчот има четири исти карти тогаш е поен за екипата што рекла СТОП КЕНТ.