Alvin and the chipmunks
Алвин и неговите пријателчиња ќе му овозможат голем развој на кариерата на текстописецот Дејв, а на нас гледачите ќе ни покажат дека не си среќен кога имаш раскош околу себе, туку кога имаш пријателство, внимание, љубов и разбирање.
„Бела Грива“ од Рене Гијо
Фолко е сиромашно момче кое живеело со својот дедо и помалиот брат. Тој обожавал да се шета покрај мочуриштето и да ја разгледува природата. Еден ден додека така лутал, забележал еден мал бел коњ. Коњот побегнал, а Фолко потрчал по него довикувајќи го со името Бела Грива. Знаел дека тоа е вистинско име за него и знаел дека тие двајца ќе станат пријатели...
Препорачува: Јована Пајковска
Препорачува: Јована Пајковска
„Хобитот“ од Џон Роналд Рејли Толкин
Оваа книга ви пружа едно патување во светот на фантазијата каде во една дупка во земјата си живееше еден хобит. Не беше таа грда, нечиста, влажна дупка, полна со остатоци од црви и мирис на застојан воздух, а сепак не беше ни сува, обична песочна дупка, без место за седење или јадење: беше таа дупка на хобит,а тоа значеше удобност.
Оваа хобитска дупка му припаѓаше на Билбо Багинс угледен член на малите луѓе високи до половина од нашата висина и пониски од брадестите џуџина. Како и повеќето од неговиот вид прилично богат, добро нахранет и најздоволен кога седи покрај својот оган со луле, чаша добро пиво и добар оброк. Овој хобит е последниот од која би очекувале да тргне во авантуристичко патување.
Препорачува: Теоден Нале