„Исти очи“ од Горјан Петревски
Во овој роман се работи за момчето Ангел кое живее во клисурата. Во близина има железница на која тој секојдневно продава јорговани. Еден ден влегува во воз, во кој забележува едно девојче кое свири на флејта кое било многу слично на него тој веднаш се заљубува во неа. Но за каква симпатија всушност станува збор? Каква љубов? Каков вид на привлекување?
Возот тргнува, а таа од возот го фрла својот број на Ангел. Но ветрот го носи во далечината...
Препорачува: Сара Марковска
Возот тргнува, а таа од возот го фрла својот број на Ангел. Но ветрот го носи во далечината...
Препорачува: Сара Марковска
The Fox and The Hound (Лисицата и ловечкиот пес)
Откако една млада црвена лисица станува сираче, Биг Мама(бувот), Бумер(клукајдрвецот) и спретнатиот Динки, ја испраќаат лисицата да биди посвоена од вдовицата Твид. Твид и дава име на лисицата - Тод. Во меѓувреме, соседот на Твид, носи дома мало кученце Копер. Тод и Копер стануваат соиграчи, и даваат ветување дека ќе останат најдобри пријатели засекогаш. Но, тоа нивно пријателство не поминува со одобрување од другите. Соседот на Твид се лути зошто Копер игра како скитник.Тој и му се заканува дека ќе го убие Тод ако уште еднаш влезе во неговата фарма. Биг Мама му вели на Тод дека неговото пријателство со Копер не може да продолжи, но тој одбива да и верува...
Препорачува: Ивана Карасманакис
Препорачува: Ивана Карасманакис
„Последната песна“ од Николас Спаркс
Последната песна е приказна за Рони Милер, седумнаесетгодишна ќерка на разведени родители. Таа живее со нејзината мајка и помалиот брат во Њујорк, додека нејзиниот татко живее во Северна Каролина. Таа не му зборуваше на нејзиниот татко уште од кога нејзините родители се разведоа, а сега мора таа и нејзиниот десетгодишен брат мора да го поминат целото лето со него. Но, таа не знае зошто мајка и ја натера да оди во Северна Каролина, и дека луѓето кои ќе ги запознае и работите кои ќе се случат таму засекогаш ќе и го променат животот...
Препорачува: Виктор Јовановски
Препорачува: Виктор Јовановски
„Мери Попинс“ од Памела Линдон Траверс
Мери Попинс е една топла семејна и детско-возрасна приказна во која поентата е дека луѓето се зближуваат и дека работите никогаш не се онакви какви што излгедаат на почетокот. Мери Попинс е пример за пожртвуваност, грижливост и одлучност. Таа секогаш знаела што сака и така и направила. На крајот заминала, кога тоа најмалку се очекувало од неа, најверојатно до некое нејзино следно и скорешно враќање, зашто таа не се разделила со збогум, туку со довидување.
Препорачува: Лина Србаковска
Препорачува: Лина Србаковска