„Марта“ од Горјан Петревски
Марта e израз на детско срце со премногу болка во својата душа, премногу мечти и тага за такво девојче со анѓелско лице. Срце во кое за секој има место, срце на кое не му е потребно ништо друго, освен татковска љубов за да биде цело.
Таа е девојче во кое има надеж, девојче кое знае што е добро а што не, но девојче кое од преголема желба се заплеткува во стапицата од животот.
Препорачува: Ана Стојановска
Таа е девојче во кое има надеж, девојче кое знае што е добро а што не, но девојче кое од преголема желба се заплеткува во стапицата од животот.
Препорачува: Ана Стојановска
Пинокио
Дрвеното човече со долг нос - е еден од најпопуларните ликови во литературата за деца и млади, многупати филмуван, адаптиран за театарски претстави, омилена кукла-играчка во многу детски соби. Пинокио е мрзлива и наивна кукла која премногу им верува на сите околу себе, освен на оние кои и го мислат најдоброто. Така лекомислено влетува во многу незгодни авантури и од нив секогаш научува по нешто ново - дека треба да ги слуша родителите, да оди во училиште, да им помага на постарите, да не лаже... На крајот тој ќе успее да се ослободи од сите лоши навики и ќе стане едно навистина мило, добро дете.
Препорачува: Антонија Ристевска
Препорачува: Антонија Ристевска
„Двојната Лота“ од Ерих Кестнер
Две близначки, Луиза и Лота, се одделени уште како мали кога нивните родители се разделиле. Едниот родител го зел едното девојче, а другиот другото. Сега двете девојчиња се сретнуваат во камп и воопшто не знаат дека се сестри. Лота е девојчето од Минхен, а Луиза од Виена. Иако се многу слични во изгледот, тие се сосем различни. Лота е мирно, тивко и добро девојче, а Луиза е палава. Тие на почетокот се мразат, но откако ќе откријат дека се близначки, не се разделуваат. Нивните родители не живеат заедно, па тие ќе направат сѐ за повторно да ги зближат.
Препорачува: Елена Размовска
Препорачува: Елена Размовска
Кент
“Кент” е игра која се игра со карти. Таа може да се игра со 2 или 4 играчи. Но ние ви препорачуваме оваа игра да ја играте со 4 играчи бидејќи така е поинтересно.