Драматизација: Не бев јас виновен!
По разговорите за насилството и каде децата се среќаваат со него, одлучивме во драмски текст да го представиме насилството меѓу децата и ракцијата на родителите на децата кои покажуваат насилство. Од идеите на учениците, во координација со наставничката Андриана Димитров произлезе драмскиот текст „Не бев јас виновен!“
(погледни фотографии...) |
Сакаме училиште без насилство!
Во нашето училиште се одржа настан под наслов „Училиште без насилство“. На настанот беа представени различните механизми кои наставниците од целото училиште ги превземаат за справување со насилството. Преку драматизации, скечеви, игри, песни и цртежи кои упатуваат пораки за ненасилство се представија сите паралелки од трето до деветто одделение под раководство на нивните одделенски раководители.
(погледни фотографии...)
(погледни фотографии...)
Дарување на позитивизам
На завршетокот од учебната година представници од ученици на училишниот тим за училиште без насилство, со цел поттикнување на ненасилна атмосфера и вон училишните клупи ги почестија учениците со позитивни пораки за другарство и убаво однесување. Со тоа им посакавме убав летен распуст, исполнет со позитивни емоции, на сите ученици и наставници .
(погледни фотографии....) |