Некои луѓе се повеќе пријателски настроени во однос на другите. Тие се во состојба да помогнат кога на некого му треба помош. Овој тип на луѓе ја ценат хармонијата во друштвото и се карактеризираат со оптимистички став кон човековата природа. Тие исто така се почесто активни во хуманитарни активности со што ја докажуваат својата човечка природа, т.е важат за хумани луѓе.
Наспроти нив, другата група обично не се пријателски настроени, не сакаат да помогнат или пак треба нешто друго да ги натера за да го направат тоа. Ваквите луѓе обично се сомневаат во други луѓе, немаат доверба па дури ни во своите блиски. Овој тип на луѓе не сочувствуваат со проблемите на другите или едноставно не ги интересира т.е се окупирани само со својот живот. Тие се скептични, често пати користат навредливи зборови и едноставно ги гледаат другите луѓе додека „тонат во калта“.
Но, луѓето можат да поседуваат особини од едната или другата страна и во зависност од одредени ситуации да реагираат на начинот кој ќе го изберат.
Без разлика на кој тип на личности да припаѓате постојат тешки ситуации кога ви треба некој да ве сослуша, разбере и да ви даде совет за да би се справиле со секојдневните или несекојдневни задачи. Бидете нечија поддршка, за да некој биде ваша.
Научете да бидете добар слушател:
- Елиминирајте ги нештата кои ви го одвлекуваат вниманието.
- Насочете го вниманието.
- Покажете дека го слушате лицето со кое разговарате со гестови како: потврда со движење со главата, поткревање на веѓите итн.
- Кога ќе ја слушнете информацијата направете кратка анализа и пробајте да ја разберете целосно.
- Кога сослушувате некој кој има проблем, покажете чувство на сочувство, симпатија и дајте им до знаење дека разбирате за што се работи.
- Имајте во предвид дека понекогаш луѓето не сакаат да се отворат до крај, туку само да ги споделат нивните чувства. Понекогаш и вие го правите истото зар не?
- Не ги прекинувајте луѓето додека зборуваат. Оставете ги да завршат до крај, а во меѓувреме запаметете ги нивните зборови и спремете ваш одговор.
- Не судете предвреме според изгледот на личноста, полот, расата, нацијата или неговите првични зборови.
- Држете се до темата. Премногу дигресии во разговорот можат да ве одвлечат во друга насока.
- Размислувајте трезвено и рационално. Без оглед на темата обидете се да не подпаднете под влијание на личноста да доминира со вашиот начин на размислување и да манипулира со вас.
Да се биде добар слушател е голема доблест. Освен што ќе бидете во можност да им помогнете на луѓето, тие повеќе ќе ве сакаат и ќе бидат отворени за подршка кога таа ќе ви биде потребна вам. Исто така луѓето кои се добри слушатели имаат поголема можност да го освојат партнерот кој го посакуваат.