Фолко е сиромашно момче кое живеело со својот дедо и помалиот брат. Тој обожавал да се шета покрај мочуриштето и да ја разгледува природата. Еден ден додека така лутал, забележал еден мал бел коњ. Коњот побегнал, а Фолко потрчал по него довикувајќи го со името Бела Грива. Знаел дека тоа е вистинско име за него и знаел дека тие двајца ќе станат пријатели.
Воодушевувањата од Белата Грива тој ги споделувал со својот другар Антонио кој бил гардијан (човек кој ги скротува и се грижи за коњите). Тој исто така обожавал коњи и всушност ловел диви коњи со својот газда. Еден ден Антонио со својот газда тргнал во лов на Белата Грива. Го фатиле, но тој успеал да им избега во дивината.
И повторниот обид да го фатат нескротливото коњче бил безуспешен, па газдата се откажал од прекрасната Бела Грива и му го дал на Фолко бидејќи тој само со него бил мирен.
Но после неколку дена газдата го прекршил ветувањето и посакал да го даде Бела Грива во циркус. За да го спаси својот пријател Фолко го јавал својот пријател во мочуриштето, но бидејќи насекаде биле опкружени од злите луѓе, немајќи друг излез, Фолко го вјавнал Бела Грива и побегнал од злите луѓе во смрт.
Страниците на оваа книга ве водат во едно прекрасно другарство на Фолко и Белата Грива кое ќе ни покаже како со љубов и нескротливите може да сe скротат.