ОДРЖУВАЈТЕ РЕД ВО УЧИЛНИЦАТА БЕЗ ЗАПЛАШУВАЊЕ
Основна цел за секој наставник треба да е поттикнување на позитивно однесување кај учениците во сите активности што ги презема. Со позитивно однесување кај учениците, како наставници ќе можете да воспоставите ред во вашите училници, одржување на добри односи и делотворно учење.
Примена на мерки за одржување на ред и дисциплина во училницата без употреба на заплашување, закани, понижување или физичка сила може да има големо позитивно влијание врз однесувањето на учениците и резултатите од учењето.
Еве некои едноставни совети што се надеваме дека ќе ви бидат полезни:
Воспоставете меѓусебна почит! Наставниците и родителите често се жалат дека учениците немаат почит кон возрасните. Но, за да добиеме почит, мора да покажеме почит, особено кон ученикот. Кога на учениците им се обраќаме со почит, покажуваме однесување што ги подобрува меѓучовечките односи, и ги подобруваме изгледите дека и тие ќе се определат за слично однесување со почит кога ќе треба да се разрешуваат меѓучовечки конфликти.
Поставете стандарди за однесувањето во училница! Заедно со учениците изработете кодекс на однесување- правила кои ќе бидат прифатени од цело одделение кон кој сите ќе се стремат да се придржуваат, наместо да функционираат список на прекршоци што ќе се казнуваат.
Воспоставете рутини за почнување на нова лекција или преминување на нова лекција! Смирување на одделението и здобивање на внимание понекогаш може да биде тешко. Особено на почетокот на предавањето/лекцијата, кога од учениците се бара не само да ја сменат активноста, туку и да се прилагодат од една средина на учење или дружење кон друга.
Наставниците треба да најдат начини да воспостават ред без викање или приговарање. Ако има потреба наставникот да вика или прави врева за да добие внимание, можно е безредието да продолжи.
Еве некои совети што биле искористени од наставници – пробајте ги во вашата училница за да видите дали и за вас ќе бидат од полза:
- Застанете напред, гледајте ги намуртено со прекрстени раце и чекајте да стивнат.
- Застанете напред со крената рака и чекајте оддлението да возврати со кревање на раце. За ова да успее, прво треба да поставите правило заедно со одделението дека кога се крева рака, тоа е знак да се престане и вниманието да се насочи кон вас.
- Почнете со пишување на целите на лекцијата додека чекате да се смири училницата. Ако не е смирена училницата пред да завршите, употребете еден од горенаведените методи и почекајте одделението да почне да внимава.
- Ако училницата не е смирена поради тоа што вие не сте исполниле нешто што се очекува од вас (на пр. доцните, или вниманието ви го одвлекува неочекувана посета од родител), извинете се на одделението. Со ова извинување вие давате пример за однесувањето што сите членови на групата треба да го очекуваат едни од други.
- Почнете со некоја лесна активност за загревање.
- Посветете малку време на крајот на лекцијата за дискусија за важноста на смирена училница.
- Запомнете да го наградите и пофалите одделението и конкретни поединци за тоа што внимателно ве следеле. Некои наставници за оваа цел користат листа за наградување.
Понекогаш ќе треба да интервенирате! За жал, нема секогаш сите деца да ги почитуваат правилата. Кога ќе има потреба да интервенирате со изнаоѓање решение така што ќе се изразувате на просоцијален начин.