Ние сме училиштен тим која функционира во рамките на нашето училиште ОУ„Св. Климент Охридски“- Битола под раководство на наставничката Андриана Божиновска, училишниот педагог Никола Крстевски и во соработка со одделенската наставничка Лилјана С. Алабаковска. Нашиот ученички тим за сега брои осумнаесет ученици ( Тоде Андон, Марија Вељковиќ, Дамјан Груевски, Мартина Илиевска, Наталија Јанкуловска, Виктор Јовановски, Ивана Карасманакис, Сара Марковска, Бахар Мемедовска, Теодора Наумовска, Климентина Обедниковска, Павел Петличков, Бојана Цветковска, Весна Трајчевска, Екатерина Талефска, Елена Размовска, Дејан Раткушиновски, Ангела Секуловска, Антонија Ристевска) кои сме вклучени во најголемиот дел од активностите, но исто така соработуваме и со други ученици кои ги приложуваат своите предлози, идеи и изработки до нашиот тим.
Бидејќи нашиот училиштен тим: „Училиште без насилство“ заклучи дека најголемиот дел од слободното време учениците го поминуваат на компјутер, одлучивме да создадеме веб страна на која ќе ги претставуваме своите идеи за создавање на ненасилна училишна атмосфера. На неа креиравме повеќе полиња ( за нас, наставници, родители, ученици, творби, мудрости, забава, галерија и контакт) во кои ќе поставуваме различни написи и активности. Но не мора да значи дека ова ќе биде конечниот изглед на веб страната- таа може да се менува согласно и ваши идеи и предлози за активности или настани кои би сакале да ги поставиме.
Во делот За нас ќе поставуваме некои основни податоци за нас, за нашето училиште: локација, услови со кои располага нашето училиште и цели на нашето училиште.
Но, планираме исто така да поставуваме и настани кои ние ќе ги реализираме...
Во делот наставници го потенцираме значењето на наставникот во оформувањето на личноста на едно дете, бидејќи наставниците претставуваат модели за однесување на учениците и тогаш кога немаат таква намера.
Родители- тоа се лицата кои се идоли на децата уште од најрана возраст, па поради тоа тука даваме совети за родителите да бидат пример за однесување на своите деца: да пофалуваат, охрабруваат, разговараат за проблемите...
Ученици- во овој дел ќе поставуваме текстови за решавање на некои наши тинејџерски проблеми.
Творби- тоа се дела на нашите вредни другарчиња кои пишуваат прекрасни раскази и песнички и ги цртаат најубавите цртежи кои ни будат убави емоции и не учат на ненасилство.
Мудрости! Тоа се наши мали, но големи мудри реченици кои не освестуваат за вистинските вредности во животот!
Забава. Бидејќи сме згрозени од филмови полни со насилство. Смачено ни е од труски, шпански, индиски серии полни со омраза и интриги. Си создадовме место каде каде ќе добиваме идеи за друштвени игри, филмови, едукативни игри и книги во кои другарството е главна тема.
Во Галерија ќе поставуваме фотографии од наши и ваши активности кои ќе ги спроведуваме со цел да постигнеме ненасилна училишна атмосфера. Да направиме сите заедно нашето училиште да биде пример за доброто однесување!
И се разбира, контакитрајте не! Пишувајте ни ваши коментари, критики, пофалби и предлози кои ќе се потрудиме да ги реализираме, бидејќи ова е наше, но и ваше катче во кое заедно ќе го креираме мирот!