Играта војна се игра со два играчи. Сите карти се делат на двата играчи. Секој од нив картите ги држи собрани во куп една врз друга т.ш. да се свртени наопаку. Двата играчи истовремено вадат по една карта од дното. Ги споредуваат и оној кој што има поголема карта ги зема и неговата и на другиот играч. Ако двајцата играчи фрлат иста карта започнува војна: двајцата извлекуваат од дното уште три карти што не се гледаат и четврта која ќе се гледа. Оној играч чија четврта карта е посилна ги зема сите извадени карти. Победник е оној играч кој на крај ги собира сите карти.