Воспитувањето на децата, во поширока смисла на зборот, може да го дефинираме како водење на детето по патот на неговиот раст!
Ефективно однесувајте се при воспитување на детето!
1. Бидете доследни во сопственото однесување, давајќи му позитивен пример на детето. 2. Пофалете го и охрабрете го позитивното однесување на детето – обрнете внимание на добрите работи кои ги прави детето. 3. Обидете се да се ставите во положба на детето и прилагодете ги своите очекувања на возраста и развојните можности на детето. 4. Дадете му можност на детето да ги искаже своите чувства и размислувања. 5.Секогаш внимателно ислушајте го детето 6. Дозволете му на детето да изрази бес, страв и вознемиреност. 7. Дадете и побарајте објаснување за одредено однесување на детето. 8. Поддржете го детето да изнајде самостојно решениe. 9. Извинете се доколку сте постапиле неправилно 10. Никогаш не заборавајте дека и детето има свои права, своја личност и достоинство, кои секогаш треба да се почитуваат! |
Неефективно однесување на родителите при воспитување на детето
1. Забушавање (“Кога конечно ќе ја средиш својата соба, ти реков 5 пати?”) 2. Проповедање (“Знаеше како треба, зошто не постапи така? Се срамам од тебе!”) 3. Оптужување (“Како можеше, после се што направив за тебе?”) 4. Заканување (“Ако веднаш не престанеш да зборуваш ќе те накажам на татко ти.”) 5. Споредување (“Брат ти е многу попаметен и помирен од тебе.”) 6. Викање (“Тишина!”) 7. Критикување (“Навистина си блесав. Ако вака продолжиш којзнае каде ќе завршиш.”) 8. Ќотек (“Ова ме боли повеќе од тебе, се надевам ќе запомниш тоа повеќе да не го правиш.”) 9. Казнување (“Заради тоа што го направи цела недела нема да излезиш од дома.”) |
Доколку ништо од ова не помогне и ве преплави бес обидете се со:
1.Избројте до 10 пред да направите нешто за што подоцна ќе жалите!
2.Удрете рака од рака наместо да го удрите детето!
3.Однесете го детето на сигурно, или замолете го да се оддалечи во друга просторија, додека не ви помине поривот да го казните телесно.
Ако неефективното однесување на родителите трае подолго време, го расипува добриот однос со децата и често ги повредува бидејќи е присилувачки. Кога возрасните ги присилуваат децата на нешто, тогаш тие:
- Бурно реагираат, викаат, уништуваат предмети, се тепаат;
- Се повлекуваат во себе на различни начини: претерано спијат, ги игнорираат возрасните, стануваат безволни и депресивни.