На сите нас ни се добро познати витамините од А до К од кои децата имаат потреба. Според некои последни студии во последно време е утврдена неопходноста од нова група витамини кои се подеднакво важни и имаат голема улога за благостојбата на детето.
Витамин В- од внимание
И покрај секојдневните работни обврски, најдете време за вашето дете. Дружете се, разговарајте за неговите секојдневни случувања- бидете дел од неговиот детски свет. Ова е основниот витамин без кој сите други не можат да се врзат во детскиот организам.
Витамин М – од музика
Вклучувајте најредовно музика и танци во атмосферата на вашето семејство. Ако децата се премногу мали танцувајте со нив во раце. Пејте заедно во кола, собирајте омилени музички парчиња, а можете да набавите некои елементарни музички инструменти.
Витамин П – од поезија
Учете ги децата на простички стихови и песни уште од најрана возраст. Раскажувајте им приказни и читајте им стихотворби за да се насладуваат на гласовите. Сатисфакцијата пак е многу голема кога самите деца рецитираат убави песнички пред домашната публика, а уште поголема кога тие ги создаваат.
Витамин Пр – од природа
Дајте им шанса на децата да го почувствуваат вкусот на природата. Редовно носете ги децата на планини, реки, езера…Заедно дочекајте го залезот и изгрејсонцето. Бидете колку можете повеќе на отворено.
Витамин Х – од хумор
Го има насекаде, преминува од возрасните кон децата и обратно. Не е типичен за работната средина но може да се внесе деликатно и таму. Се разградува при носење на часовник.
Витамин Љ – од љубов
Покажете дека го сакате вашето дете и тогаш кога ќе направи некоја грешка. Смирено разговарајте за проблемот, за да детето не се плаши да ги каже проблемите кога следен пат ќе се случат. Само ако покажете љубов, разбирање и заедничко доаѓање до решение ќе постигнете успех. Доколку ги решавате проблемите со казнување тоа ќе предизвика оттуѓеност и создавање на нови белји.
Витамин Н – од надеж
Научете го детето дека после постигнатиот неуспех, со надеж, верба и труд може да се постигне успех. Среќата ги прати храбрите, а да се биде храбар значи и да се биде упорен за остварување на нештата кои значат среќа за вас.