Бидете пример за позитивно однесување!
Постојат начини за дисциплинирање на деца без казнување. Казнувањето пак (т.е. Удирањето) не треба да се замени и со викање и навредување.
Дисциплинирањето треба да стане позитивен, а не казнувачки процес!
"Добрата" дисциплина се потпира на возрасни лица кои покажуваат и објаснуваат позитивно однесување! Поставете реални очекувања за развојна способност на вашите деца со цел тие да можат да го постигнат посакуваното ниво на однесување и наградете ги за нивните напори со пофалби, дружење и почитување.
Вие ја градите самодовербата кај вашето дете!
Посветете повеќе време на разговор и вистинско слушање на вашето дете! Децата и младите често не знаат како да ги искажат нивните проблеми. Пронајдете време за разговор со вашето дете додека купувате, се шетате, вечерате... Разговарајте и "навистина" внимавајте на тоа што ви го кажува, со тоа му покажувате дека навистина се грижите за него и го почитувате. Прашајте го/ја за мислење за различни работи, решавање на некои проблеми и сл.. Тоа помага во испитање на чувствата на детето и помага тие чувства да ги преточи во зборови.
Ова помага во развојот на неговата самодоверба.
Постојано истакнувајте ги позитивните работи за вашето дете и не користете негативни зборови. Пофалба упатена кон детето, со изрази на поддршка и охрабрување, може да направи детето да чувствува поголема самодоверба и вредност. Освен тоа, на овој начин се дава добар пример за детето и може да има влијание врз начинот на кој детето се однесува со своите пријатели и другите луѓе.
Од друга страна пак кога родителите се служат со негативни зборови, тоа може да направи да се чувствуваат лошо и безвредно. Децата имаат потреба да знаат дека нивните родители ги сакаат без оглед на тоа како се однесуваат. Важно е јасно да покажете дека вашата љубов е безусловна, дури и кога зборувате за лошо однесување.
Користете поинакви начини од удирање на вашето дете или прибегнување кон психолошко казнување!
Еве некои совети како да помогнете детето да се однесува правилно без да "заигра ќотекот":
- Утврдете што е проблемот и обидете се да го решите. Можеби вашето дете се чувствува игнорирано, загрижено, или едноставно уморно или гладно. Прашајте се "зошто" вашето дете се однесувало на тој начин и решете го проблемот.
- Помогнете му на детето да го разбере вистинскиот проблем и објаснете дека тоа што го направил/а не е исправно. Исто така, внимавајте детето да разбере дека однесувањето е тоа што не ви се допаѓа ("не сакам такво однесување"), а не детето ("не сакам кога така се однесуваш").
- Разговарајте за работите кога детето е смирено и подготвено да разбере. Бесцелно е да се обидувате да разговарате кога вашето дете е налутено.
- Ако однесувањето на детето предизвикало штета, помогнете да ја исправи.
- Имајте на ум дека на децата им треба внимание. Не ги игнорирајте кога "добро се однесуваат", а да им посветувате внимание кога се "однесуваат неправилно". Така може да научат дека единствен начин да го добијат вашето внимание е да се однесуваат неправилно. Внимавајте кога ќе направат нешто добро и пофалете ги за тоа.
- Понекогаш родителите ги удираат децата бидејќи сметаат дека тоа е единствениот начин да ги заштитат од опасност (ако лазат кон вжештена печка или истрчуваат на опасна улица). Секако дека морате физички да ги заштитите – да ги зграпчите, подигнете, да им укажете на опасноста. Но, ако кренете рака да ги удрите, вие самите ги повредувате децата.
- Не дозволувајте некоја ситуација со вашето дете да ја надвладее вашата самоконтрола. Вдишете длабоко, прошетајте и обидете се да се опуштите пред да се обидете да се справите со ситуацијата. Во некои случаи може да треба дури и да побарате помош.