Дванаесет годишно момче по име Џеси е мирно момче кое има прекрасни уметнички вештини. Џес живее во големо семејство кое е во финансиска криза. Дванаесет годишната Лесли Бурке новото девојче во училиштето кое има потешкотии наоѓајќи пријатели но и покрај тоа сепак е полна со радост и среќа и има бујна фантазија. Таа се пријавува на една училишна трка на која победува покрај тоа што и нагласуваат дека е трка само за момчиња. На почетокот, Џес е доста повреден поради ова и несака да има ништо со Лесли, но упорноста на Лесли да го запознае подоцна се исплатува и брзо по тоа двајцата стануваат многу блиски пријатели. Заедно влегуваат во шумата и двајцата измислуваат еден свет кој го нарекуваат Терабитиа и тој оживува како што тие си замислуваат дека тој изгледа. Назад во „реалниот“ свет, двајцата патат од лоши деца на училиште. Рано следното утро, наставничката Едмундс која ги забележува уметничките вештини на Џес, му се јавува да го викне на мала посета во уметничкиот музеј. Кога се враќа, татко му на Џес, му ги кажува тажните вести дека Лесли умрела обидувајќи се да ја премине реката. Џес се чувствува виновен за нејзината смрт но татко му го разубедува дека не е така. По ова Џес ја презамислува Терабитиа и гради мост за да добредојде нов владител. Тој ја поканува сестра му да биде новиот владетел. Тие ја замислуваат Терабитиа поубава од кога и да е и заедно прогласени како крал и принцеза почнуваат да владеат со Терабитиа.
Препорачано од Ивана Карасманакис