И покрај тоа што нема јасна дефиниција за тоа што толку не тера да се засрамиме, па и да поцрвениме во дадени ситуации, еве неколку причини зошто е тоа така.
Најчесто срамот се јавува во текот на тинејџерските години, односно околу дванаесеттата година. Го има до дваесет и некоја а потоа се намалува и зависи од нас.
Во тие тинејџ години пред се, срамот доаѓа од симпатијата, кога ќе помине покрај вас, а вие ќе гукнете нешто без врска и подоцна ви е криво зошто сте рекле така.
Или додека сте во друштво со симпатијата, а тој/ таа не знае дека и се допаѓаш, вие црвенеете и останувате без зборови.
За да го намалите срамот и црвеењето пред вашите симпатии, треба само да бидете она што сте. Не е тешко но сепак, како што се однесувате дома и со вашите пријатели, обидете се да не ви се сечат нозете кога ќе го/ја видите тој/ таа. Ако е потребно потпрете се на ѕидот и без да комплицирате кажете го едноставно зборот ‘‘здраво‘‘, за да нареден пат, покрај ‘‘здраво‘‘ ќе следи и ‘‘како си, што правиш‘‘, итн. Успехот е гарантиран.
Доколку се срамите и пред вашите наставници, професори исто потрудете се да го кажете бар она што сте го научиле сами, а верувајте и самите наставници ќе се обидат понатаму да ви помогнат.
Пробајте ги овие мали нешта на комуникација во живо, подобро е и малку да се засрамите од било што непознато отколку вечно да останете срамежливи.
Еве и последните светски истражувања покажуваат дека срамот зема се поголем замав и тоа во светски рамки, а сето ова се случува како што велат научниците, поради се поголема комуникација преку, скајп, мсн, телефон ид.р. Затоа што така е полесно било што некому да се каже одошто в лице. Па одморете малку и од тој начин на комуникација, излезете и дружете се без срам!