7 Совети против депресија
Депресијата денес не совладува од време на време, без разлика на нашата возраст. Долготрајната депресија е вид на болест, на која треба да се погледне реално и да се отпочне со терапии и медикаменти. Во секој случај да не дојде до долготрајна депресија, а и за депресивните лица еве неколку совети за полесно совладување на депресијата:
1. Здрава исхрана: Се што се јаде, влијае на нашиот мозок. Затоа ако сте депресивни, јадете повеќе житарици,овошје зеленчук. Исто така и витамините омега 3, кои се наоѓаат во рибата се значајни во борбата против депресијата.
2. Спијте доволно: Сонот е важен дел од животот, па така и ненаспаноста влијае врз расположението, односно врз депресивната состојба. Редовно спиење од 6 -7 часа може да ја ублажи депресијата.
3. Алкохол Не: Иако мислите дека алкохолт во момент ќе ве расположи, знајте дека после кратко време се враќате во депресивна состојба. Избегнувајте друштво во кое сите пијат алкохол, но исто така и чаша вино нема да ви штети.
4. Вежбајте: Колку и да ви е тешко, најдете време за било каква физичка активност. Пешачете, возете велосипед, одете негде и вежбајте. Една анализа покажала дека физичката активност ја намалува депресијата дури за 50%.
5. Важни одлуки, подоцна! Носењето на важни одлуки, како кариера или нешто битно, оставете ги кога ќе се почувствувате подобро. Во депресија работите ги судиме погрешно иако несвесно, сепак не носете битни одлуки, а доколку морате, посоветувајте се со блиски пријатели, роднини.
6. Самотија, никако: Немојте да бидете сами, иако тешко ќе наидете на слушател кој ќе ве разбере, пробајте барем необавезно да појдете со пријатели некаде, но притоа задржете ги вашите проблеми, или запишете се на некој курс, пилатес, јога или слично, така нема да се чувствувате осамени.
7. Секојдневие: Колку пати не сакате да ги извршувате секојдневните обврски и едноставно не ви се станува од кревет. Почеток на депресивна состојба. Нека секојдневието ви биде рутина, а не да му давате големо значење, а со тоа и вашите обврски иако битни, ќе бидат безначајни, затоа што сте ги завршиле рутински.