Самодовербата е прекрасна особина, ако ја поседуваш.
Секој од нас може да си ја зголеми самодовербата, а еве како:
Самодовербата треба да биде стимулирана и постојано засилувана.
Откријте ги вашите добри особини и способности. Напишете ги на лист дваесетте најдобри особини и способности кои ги имате (интелектуални, емоционални, физички). Потоа, до секоја од нив напишете што ви помогнала да постигнете. Пример: многу сум зборлеста, тоа ми помага секогаш лесно да се вклопувам во разговор и да запознавам многу нови луѓе.
Убедете се дека можете да научите и да направите сè. Самодовербата не значи да успевате во сè и да знаете што да правите во секоја ситуација, а значи да мислите дека сте способни да научите и да направите нешто што ви е потребно. Вашето мото треба да биде: „Ако не знам како да го направам, можам да научам“.
Избегнете го животот по шаблон. Учење, дремење на компјутер, гледање турски серии е твојот шаблон? Удобно ти е кога ги практикуваш овие навики, па кога ќе се појави некоја нова прилика, која можеби ќе го наруши овој шаблон, возможно е да не се чувствуваш удобно да ја прифатиш. Запрашај се што сакаш и биди отворен за нови нешта.
Истакнете се. Многу често потсвесно се обидуваме да бидеме дел од толпата, затоа што се плашиме да ни судат другите или да нè одбегнуваат. Дистанцирајте се од тоа што мислат другите. Изразете ја вашата индивидуалност. Истакнете се преку некој свој квалитет, но НИКОГАШ не обидувајте се да се истакнете преку тоа што ќе понижите друг!
Искажете го вашето мислење. Ако секогаш се согласувате со мислењето на другите, дури и кога вие сте на сосема друго мислење, тоа значи дека се плашите дека нема да им се допаѓате на другите луѓе ако застанете на спротивната страна. Кога ваш другар даде убава идеја која е прифатена од сите, а вие сметате дека има многу негативни страни, не се плашете да го кажете вашиот став. Кога веќе еднаш ќе застанете на спротивната страна, ќе забележите дека луѓето ќе ве ценат повеќе, затоа што сте застанале зад своите убедувања.