Пасивно-агресивното однесување се појавува кај лица кои не знаат да ги искажат своите негативни чувства или не се во состојба гневот или негативните чувства да ги искажат на здрав начин. Ваквите луѓе своите чувства ги потиснуваат толку длабоко во себе, така што дури и не забележуваат дека чувствуваат гнев или омраза.
Како знаци на пасивно-агресивно однесување се сметаат:
Опструкционизам. Кога на лице со пасивно-агресивно однесување ќе му побарате одредена услуга, тој/таа може намерно да ја извршува работата споро или намерно да направи грешки со цел да преизвика негативни емоции кај вас.
Несигурност. Луѓето кои имаат пасивно-агресивно однесување се често несигурни во себе и ретко го кажуваат тоа што го мислат или ретко го мислат тоа што го кажуваат. Тие ретко реагираат за настанати ситуации и прво чекаат да видат што ќе се случи. Исто така ретко одговараат на прашања со „да“ или „не“. Откако ќе добиете некаков одговор на некое прашање, можно е сеуште да се прашувате кој е нивниот став.
Хронично доцнење и заборавање. Често пати луѓето кои се пасивно-агресивни доцнат намерно, или пак „ненамерно заборавиле“ на некоја работа кој ви е важна на вас. Тоа го прават со цел да направат некаква штета или пак на ваков начин ви враќаат за нешто што сметаат дека сте им згрешиле.
Често лажење и оправдување. Лажењето кај ваквите луѓе станува навика и тие ќе одат до крај за да најдат оправдување за било што.
Чувство на жртва. Луѓето со пасивно-агресивно однесување често пати се ставаат себеси во улога на жртва префрлајќи ја вината на други луѓе.
Правење хаотични ситуации. Ваквите луѓе често пати непотребно ги комплицираат ситуациите до состојба на хаос, наместо да допринесат до побрзо решавње на проблемите.
Страв од конкуренција. Кога лицето ќе се почувствува загрозено, ќе почне да прави планови и креира ситуации и сценарија како да им наштети на другите за да не биде загрозен неговиот/нејзиниот интегритет.
Страв од интимност. Пасивно-агресивните луѓе ретко искажуваат љубов и емоции кога се во врска. Кога ќе почнат да ги чувствуваат љубовните емоции, постои веројатност да се повлечат настрана поради нивната несигурност.
Страв од зависност од други луѓе. Поради стравот да бидат сами, ваквите луѓе се справуваат со своите потреби од други луѓе со тоа што пробуваат да ги контролираат.