Во една работна недела, од понеделник до петок, просечен брачен пар поминува со децата ефективни 4,7 часа, додека целото семејство потполно се собира уште пократко – ни четири часа. Стручњаците се согласуваат дека тоа време е прекратко, што за последица има нарушени семејни односи, развод на бракот, проблеми во развојот на децата, како што е појавата на насилство. Малкумина се оние кои имаат одговор како да се воспостави рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
Еден од начините за децата и возрасните да сфатат дека ги сакаме, е да му посветиме доволно од своето време. Ако најголем дел од времето ни поминува во работа и разговор околу работата, тоа доведува до оттуѓеност и негативни социјални појави. Несвесно го запоставуваме детето и ги прескокнуваме некои фази во развојот и воспитувањето.
Важен е и квантитетот
За времето поминато со детето, важен е и квантитетот и квалитетот, но ако имате премалку време, не можете да дадете квалитет. Родителите не испраќаат доволно позитивни пораки со кои детето се воспитува и социјализира и учествуваат многу малку во неговиот живот.
Родителската функција се запоставува, па децата ги воспитуваат бабата и дедото, градинката, училиштето или улицата, што може да биде многу лошо.
Петте часа неделно кои ги имаме за децата се премалку, па дури и ако сме потполно посветени на нив, бидејќи физички е невозможно за тоа време на детето да му се пренесе добар систем на вредности. Заради краткото време кое семејството го поминува заедно, семејните врски се слаби, а детето не гледа личност на која може да се потпре. Во тој случај децата немаат основна сигурност, а тоа се компензира со купување на скапи работи, што претставува еден голем маѓепсан круг.
Да се почитува култот на неделниот ручек
Заедничкиот оброк е идеална прилика за јакнење на семејните врски.
Најчесто во семејствата секој јаде сам пред телевизорот, а заедничкиот ручек е единствена прилика на која семејството може да се собере. Заради тоа треба да се негува институцијата неделен ручек, а ако е можно, да се вклучи и поширокото семејство, бабите, дедовците, тетките, вујковците, чичковците и другите блиски роднини, бидејќи детето така гради мрежа на сигурност. Детето секогаш ќе може да најде поткрепа во некој од нив, ако моментално не може во родителите.
Да се препознае опасноста навреме
Ако родителите немаат време за детето, тогаш тоа ќе се почувствува занемарено и ќе прави така како што мисли дека треба, без упатства и насочување од возрасните. Од друга страна, постојат родители кои тоа малку време што го имаат со детето сакаат да го поминат убаво, па се попустливи и недоследни, што може да доведе до агресија и своеволност кај децата. И самото семејство е променето. Порано семејствата биле сочинети од две генерации. Кога родителите ќе заминеле на работа во куќата секогаш останувал некој кој може да ги чува децата. Сега многу семејства се препуштени сами на себе, во кои постојат двајца родители кои се обидуваат да спојат крај со крај и трчаат од едниот до другиот крај на градот и покрај тоа имаат две мали деца. Сето тоа е многу комплицирано.
Посветете им се на своите деца потполно по 18 часот и работата нека не Ве интересира.
Луѓето мораат да управуваат со своето време. Не е лесно, но е можно, посебно ако сфатите дека заради тоа се создаваат многу проблеми.