Училишно насилство
Наставниците во нашето училиште постојано работат на разрешување на насилните ситуации кои настануваат помеѓу учениците. Пример за тоа е наставничката Андријана Мигуловска (техничко образование) која како класен раководител, со цел да разреши проблем помеѓу учениците во паралелката ги наведе учениците да снимат видео за насилството, кое си го нанесуваат помеѓу себе. Целта на истото беше учениците да ја согледаат од надворешен агол ситуацијата во која подржуваат нечие насилство, наместо да го спречат.
„Награда“- не „санкција“
ПРОСОЦИЈАЛНИОТ ЈАЗИК СОЗДАВА СРЕДИНА НА РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ
Внимателно избраните зборови се најважни за да доведат до разрешување на конфликтот. Во нашите зборови треба да се чувствува заемно почитување, права, одговорности и избори. Со зборовите создаваме средини што го поддржуваат разрешувањето конфликти без насилство и во кои ќе може да се компензира за своите грешки. Размислете за следниве примери на просоцијален и несоцијален пристап:

„Сандаче на добрина“
Наставничката Пандора Алексова Запаренко применува прекрасна иницијатива за поттикнување на доброто однесување на учениците. Имено, нашите другарчиња од III 2 одд. прават добри дела и истите ги запишуваат и поставуваат во т.н. „Сандаче на добрината“. На крајот од секој месец истите ги читаат, пофалуваат и „наградуваат“...
Заедно тагуваме и заедно се радуваме
Учениците од V3 одд. под раководство на наставничката Јасна Јанева Гулевски заедно се радуваат на успесите на своите другарчиња, а тагуваат кога некој не се труди доволно или е недисциплиниран. А сите ние би биле многу среќни ако сите дечиња се трудољубиви и примерни и израснат во прекрасни личности.