„Оливер Твист“ од Чарлс Дикенс
Несреќното сираче Оливер врз себе го носел некогашниот Закон за сиромаси, според кој и децата морале напорно да работат и регрутирани биле како криминалци. Со верба во универзалната човекова добрина, Дикенс го разоткрива злото и се бори за негово искоренување, зашто сите ние имаме исти права на чесен и достоен живот. Правдата и вербата во добрината секогаш победуваат. Така и несреќната животна судбина на Оливер добива среќна разврска – од која тој излегува чесен и богат, а добива и одговор на загатката за своето потекло. Наспроти лошите луѓе и нивните сурови постапки, сепак, светот е она место кон кое треба да ја насочиме нашата хуманост и добрина – заради нас, заради детето Оливер Твист кое живее во секој од нас.
Препорачува: Стефан Секуловски
Препорачува: Стефан Секуловски
Не лути се човече
Ова е игра која се игра со четворица или помалку играчи. Може да играте и доколку ја немате играта во готова верзија. Бидете креативни и импровизирајте: нацртајте ја и обојте ја со боички едноставната шема и изработете фигури во боја од хартија, дрво, салфетки и сл.
Препорачуваат: Мартина Илиева и Стефан Секуловски
Препорачуваат: Мартина Илиева и Стефан Секуловски
Барајќи го Немо
Филмот ја раскажува приказната за Рибата клаун по име Марлин. Заради несреќата која му ја убила жената и сите деца освен Немо, грижата на Марлин за својот единствен син е претерана, што го поттикнува Немо да одплива во длабочините во намера да му докаже на неговиот татко дека таму нема никакви опасности...
Препорачува: Ивана Карасманакис
Препорачува: Ивана Карасманакис
Војна
Ова е една сосема безопасна, дружељубива, забавна и комплетно ненасилна војна. Играта војна се игра со два играчи. Сите карти се делат на двата играчи, а секој од нив картите ги држи собрани во куп една врз друга т.ш. да се свртени наопаку. Двата играчи истовремено вадат по една карта од дното...
Препорачува: Марија Вељковиќ
Препорачува: Марија Вељковиќ