Bubble Trouble
Bubble Trouble е игра кој може да се игра и сам или во друштво. Финтата на играта е заедно со партнерот да ги испукате сите топки кои ви се наближуваат без ниедна да ве удри. Тајната лежи во согласувањето.
Со среќа!
Препорачува: Ангела Секуловска
Со среќа!
Препорачува: Ангела Секуловска
Step up
Прекрасен филм кој прикажува едно освестување како може да се одтргенеме од лоши патишта вложувајќи во тоа што го сакаме и умееме. На тој начин дефинитивно може
да се постигне успех и да се стане комплетно друга личност!
Препорачува: Антонија Ристевска
да се постигне успех и да се стане комплетно друга личност!
Препорачува: Антонија Ристевска
Бесилка
Бесилка е друштвена игра во која можат да играат повеќе луѓе. Играта оди вака: еден треба да нацрта бесилка која всушност треба да изгледа како буквата Г, а под бесилката празни места за буквите од зборот кој го има замислено. Секој играч редоследно кажува по една буква, која претпоставува дека се содржи во замислениот збор. Ако некој каже буква која не се содржи во зборот, „бесачот“ црта некој дел од тело, а ако каже буква која се содржи во зборот, тој само ја пишува не местото каде треба. Победник е оној играч кој го погодува зборот.
Препорачува: Ангела Секуловска
Препорачува: Ангела Секуловска
Макао
Макао е игра со карти, која може да се игра со повеќе играчи. На секој играч се делат по седум карти. Од преостанатите една карта се става на средина, а другите се вртат наопаку и служат за влечење. Секој играч редоследно треба да фрли карта која ќе има ист знак или број/симбол како тој на веќе фрлената карта. Доколку играчот нема што да фрли треба да земе карта. Ако некој од играчите фрли седумка, другиот до него треба да земе две карти освен ако има седумка или џокер(со кој се земаат пет карти), па следниот играч би го зел збирот од фрлени седумки и џокери доколку нема што да фрли. Исто така со кецот и осумката можеш да го скокнеш играчот што е до тебе. И на крај победник е оној играч, кој прв ги потрошил сите карти.
Препорачува: Елена Размовска
Препорачува: Елена Размовска