Toy story 1
Вуди е повлечена каубојска кукла и лидер на група на играчки кои припаѓаат на момчето Енди Дејвис. Откако семејството на Енди се преселија од едно на друго место една недела пред неговиот роденден, играчките се подготвуваат за мисија како да откријат што му донеле на Енди за роденден. Енди добил играчка - ренџер Баз, чии одлични карактеристики го заменуваат Вуди и го прават Баз новата најомилена играчка на Енди. Вуди е огорчен, а потоа забележува дека другите играчки го занемаруваат и му посветуваат повеќе внимание на Баз. Баз верува дека е вистински вонземјански ренџер кој што е на мисија, и сега сака да се врати на својата планета. Вуди се труди да го убеди дека тој е само играчка, но не успева во тоа. Сепак, на крај нивното ривалство ќе го надминат и ќе станат најдобри другари.
Препорачува: Ивана Карасманакис
Препорачува: Ивана Карасманакис
Toy story 2
Три години по настаните во Приказна за играчките, Вуди се подготвува да оди на каубојски камп со Енди но случајно си ја скршил раката и така Енди го остава зад себе, додека неговата мајка го става на полица. Откако Вуди има кошмар за тоа како Енди го фрла во ѓубре полно со оружје, тој открива дека пингвин играчка наречен Визи е на полица со месеци поради повредена гласна жица. Кога Вуди го спасува Визи од продажба, тој е украден од еден алчен сопственик на продавница за играчки. Но, Баз, Хем, г-дин Компироглав, Рекс и уште едно куче, се подготвени да го спасат Вуди.
Препорачува: Ивана Карасманакис
Препорачува: Ивана Карасманакис
Toy story 3
Каубојот Вуди, заедно со неговиот пријател, вселенскиот ренџер Баз и дружината посакуваат нивниот најдраг сопственик Енди за последен пат, пред да замине на колеџ, да си поигра со нив како во старите добри времиња. Енди, кој е веќе 17 годишно момче, пакувајќи се за да замине од куќата на неговите родители, решава да ги собере неговите пријатели од детството и да ги чува на таванот. Но, по сугестија на неговата мајка, тие ќе бидат дадени како донација во еден детски дневен престој, каде ќе запознаат нови пријатели играчки, но и ќе ја откријат тиранијата на навидум милото и неодоливо плишано мече Лотсо. Заплетот започнува тука, а кулминацијата доаѓа со плановите за бегство од центарот и враќање кај нивниот Енди.
Препорачува: Ивана Карасманакис
Препорачува: Ивана Карасманакис
„Пипи долгиот чорап“ од Астрид Лингвид
Пипи долгиот чорап е мало симпатично девојче со бујни плетенки и многу бемки на лицето. Пипи е ќерка на капетан на брод, кој заминува на долга пловидба низ отворено море, а таа останува да живее сама во својата куќа во едно мало место, заедно со својот мајмун Нисон и својот коњ Алфонзо. Пипи е неверојатно интелигентна за својата возраст, има и одлична смисла за хумор, а нејзиното лице секогаш блеска со полна насмевка.
Препорачува: Елена Размовска
Препорачува: Елена Размовска