Нашето училиште „Св. Климент Охридски“ Битола е лоцирано во Брусничко- лавчанскиот регион на Битола. За првпат започна со својата работа во нов училиштен објект пред 22 години, во учебната 1989/90 година. Истото, со својата педагошка функционалност овозможува опфат на повеќе од 1000 ученици. Целта на нашето училиште е да обезбеди сигурна и безбедна средина за учениците, а со својата воспитно-образовна дејност овозможува да се формираат личности кои во иднина ќе бидат подготвени да се соочуваат со предизвиците на животот. За таа цел потребна е кооперативност на сите фактори вклучени во овој процес.
Во оваа учебна година опфатени се 950 ученици, распоредени во 45 паралелки од I до VIII одделение и една паралелка во подрачното училиште во с. Лавци. И оваа учебна година организираме дневен престој за учениците од I до V одделение, со четири воспитни групи.
Наставата ја изведуваат вкупно 65 наставници од кои 59 наставници се со високо образование, а 6 наставника се со више образование.
Административниот кадар го сочинуваат: директорот, секретарот и благајникот. Стручната служба ја сочинуваат училиштен педагог, психолог, дефектолог и двајца библиотекари. Двајца хаус-мајстори и 11 хигиеничари го опслужуваат училиштето како технички персонал.

Во состав на централното училиште работи и подрачното училиште во с. Лавци кое е на 2 км. оддалеченост од градот.
Наставата се изведува на македонски јазик во две смени по принципот пар-непар, освен паралелките од првите одделенија кои работат во сопствени училници во меѓусмена.
Просторни услови
Во училиштето има 12 универзални училници наменети за учениците од I-V одд. со вкупна површина од 660 м2 и една специјализирана спортска сала за учениците од одделенска наставa.
Наставата во предметна настава се изведува во 13 кабинети со вкупна површина од 863 м2, 2 специјализирани училници по ТО со 145 м2, една фискултурна сала со 640 м2 и една современо опремена просторија - кариерно катче, наменета за професионалниот развој на учениците, особено осмоодделенците.
Во вкупната површина на училиштето опфатени се и ходниците со 945 м2 и 5 канцеларии со 144 м2.
Подрачното, петгодишно училиште во с. Лавци, работи во релативно нова зграда, со две универзални училници, простран ходник и просторија за наставниците.
Ресурси со кои располага училиштето:
Материјално -технички ресурси:
- специјализирани училници за прво одделение;
- универзални училници за одделенска настава;
- универзални училници за предметна настава;
- Специјализирани кабинети за информатика, физика-ТО;
- Библиотека со значителен книжевен фонд која е поделена, според возраста, на одделенска и предметна;
- Две простории за дневен престој на учениците;
- Современо опремена медијатека;
- Модерна фискултурна сала според високи стандарди со трибини, семафор, туш-кабини и друго;
- Мини спортска сала за одделенска настава;
- Кариерно катче;
- Спортски терени;
- Простор за општа и стоматолошка амбуланта во состав на училиштето;
- Високо стандардизирана трпезарија со кујна;
- Посебен административен дел.
Техничка опременост
- комјутери;
- касети со лап-топ комјутери за одделенска настава;
- касета со 16 лаптопа;
- лаптоп;
- телевизори;
- ДВД плеери;
- графоскопи;
- скенери;
- печатачи;
- фотокопири;
- касетофони и CD- плеери;
- дигитални камери;
- лап-топ компјутери за наставниците.
Финансиски ресурси
Освен средствата што ги обезбедува МОН и локалната самоуправа, училиштето обезбедува сопствени приходи од:
- Учество и работа во проекти;
- Донации од родители;
- Спонзорства;
- Провизии од списанија, издавање на училишната кујна, посета на кино, театар, концерти, екскурзии и слично;
- Издавање на фискултурната сала на спортски клубови.
МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
ЗНАЕЊАТА СТЕКНАТИ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ ЅВЕЗДИ-ВОДИЛКИ ВО ЖИВОТОТ. ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ВО ТОА!
ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Училиштето ќе биде место каде што ќе се спојат предизвиците на иднината со традицијата