Како треба и како не треба!
Во месец октомври се реализираше фотографско представување на насилни и ненасилни ситуации во училиште. Имено учениците симулираа секојдневни ситуации на насилно и ненасилно однесување, од кои потоа изработија плакат на спротивставени страни за тоа како е убаво и како не е убаво т.е. како не треба да се однесуваме, со представување на емоциите кои ги предизвикуваат двата типа на однесување.
(погледни фотографии...)
(погледни фотографии...)
Акција за подарување
По повод Св. Валентин како празник на љубовта, беа организирани креативни работилници на кои учениците изработија срца со пораки, кои ги подаруваа на другарчињата од училиштето во знак на поттикнување на љубов кон другарството и меѓусебно почитување. Ова е еден начин како да им покажеме на другарите дека ни значат. Другарите се важен сегмент од детскиот живот. Со нив се дружиме, разговараме, заеднички минуваме низ различни искуства, си даваме поддршка и си помагаме.
(погледни фотографии...)
(погледни фотографии...)
Стоп за училишното насилство
По одржаните работилници во кои разговаравме за емоциите кои ги предизвикува насилството, изработивме плакат на кој ги прикажавме емоциите на убави/ пријатни и неубави/ непријатни емоции кои ги буди насилничкото однесување.
(погледни фотографии...) |