Агресивно дете
Агресивно дете
Агресивно дете е дете со изразито насилно однесување кон околината. Облиците на вакво однесување можат да бидат да бидат многу разновидни, но воглавно ги има два типа: отворено и грубо однесување и прикриено- деструктивно однесување.
На првиот тип припаѓаат оние обллици на насилно однесување кои се однесуваат на физички напад на другите. Агресивноста е обично насочена кон послаби врсници, браќа и сестри, но понекогаш и кон родителите и наставниците. Исто така често ваквиот тип деца физички ги малтретираат и животните.
Повеќето агресивни деца го напуштаат ваквиот начин на однесување кога ќе видат дека можат да се доведат во непријатни последици за нив. Нивната агресивност ја менува формата на изразување и се јавува во разни форми како на пример детето крши разни предмети во куќата и во училиштето, го уништува мебелот или училишниот инвентар, им ги кине тетратките и книгите на соучениците, ги клевети своите браќа и сестри кај родителите или соучениците кај наставникот. Најчесто им ги зема предметите на своите другарчиња за потоа да ужива во нивната лутина и страв. Понекогаш краде за да наштети.
Во основа агресивното однесување кај ваквите деца има два мотиви: има намера за афирмација на својата физичка надмоќ врз некој кој го смета за соперник или опасен за себе или освета за злупотреба што му е направена.
Првиот мотив на агресивно однесување се јавува кај деца кои ја промениле средината и не можат да се прилагодат на новата средина.
Многу сериозни облици на агресивно однесување се оние кои настануваат за освета, која може да се претвори во постојана форма на асоцијативно однесување. Вакво однесување се јавува кај деца кои доаѓаат од тешки семејни услови, кои се злоставувани или игнорирани. Вакво ондесување се јавува и кај деца со некој недостаток кои не успеале своето чувство на помала вредност да го компензираат на социјално исправен начин.
Агресивноста на децата е сериозен проблем на кој треба да се обрни внимание уште од најрана возраст. Таа е показател за некој проблем во кој се наоѓа детето. При тоа многу подобро е да се пристапи кон правилни воспитни мерки уште од најрана возраст, отколку да се применуваат специјални педагошки мерки во процесот на превоспитување.
До четвртата година децата се повеќе физички агресивни, а агресивноста е „инструментална“ т.е со цел да се добие предмет или да се оштети. Со развојот на говорот зачестува вербална агресија со цел да се повреди друго лице. Доколку некое дете е агресивно треба да се вложи доста напор и време, многу да се разговара со детето за да се насочи кон правилно решавање на проблемот.
Децата не се раѓаат агресивни, себични, разгалени... такви ги прави околината- другарчињата, родителите. Родителите, едукаторите или општествената заедница реагираат дури кога проблемот со агеривноста се продлабочил и воочливо одскокнува од нормите за правилно општествено однесување.
Поради недостатоците во однесувањето кај децата можат да се јават не само моментални потешкотии, туку и ограничувања во развојот на единката во општествената средина. Ваквото однесување децата го шират и кон свои приврзаници, а понатаму во животот овој вид однесување најчесто води кон криминал. Истражувањата покажале дека од 60% од ученици кои биле означени како агресивни деца, 10% од нив биле осудувани од 24 год.
Агресивноста кај децата треба да се проучува бидејќи:
Агресивно дете е дете во неволја
Појава на агресија дошло во специфично мотивирана ситуација
Секој поседува одредена доза на агресивност врз која мора да се поседува самоконтрола
Aгресијата треба да се контролира од три основни причини:
Се повеќе држави сведочат за зголемено насилство меѓу младите.
Агресивноста во детството може да биде основа за агресивност и во понатамошниот живот.
Квалитетот на живот се намалува доколку во развојот се појавува агресија.
Фактори кои влијаат врз агресивното однесување кај децата:
Деца на разведени родители
Презафатеност на родителите
Преголема строгост на родителите
Преголема попустливост
2. Средината – друштвото како фактор за појава на агресија
3. Прифатеност на децата од општествената заедница во разрешување на нивните проблеми
Форми за превентивно делување во решавање на проблемот со агресивноста кај децата

- Влијание на семејството во појава на агресивност кај децата:
насилство во семејството
Деца на разведени родители
Презафатеност на родителите
Преголема строгост на родителите
Преголема попустливост
2. Средината – друштвото како фактор за појава на агресија
3. Прифатеност на децата од општествената заедница во разрешување на нивните проблеми
Форми за превентивно делување во решавање на проблемот со агресивноста кај децата
- Работилници за социјализација на децата
- Едукација на децата преку флаери и трибини