ПРИМЕНУВАЈТЕ ЕФЕКТИВНИ НАСТАВНИ МЕТОДИ!!!
Ефективни стилови на настава
Возрасните претставуваат пример за однесување на учениците. Наставниците поставуваат модели за однесувањето на учениците и тогаш кога немаат таква намера. Однесувањето на наставникот влијае врз тоа како се чувствуваат учениците и каква е нивната мотивираност да научат.
Наставникот не треба да гради нити ладна и стравотна атмосфера во училиницата, нити пак премногу слободна атмосфера користејќи само еден наставен стил. Добрите наставници користат низа стилови, во зависност од ситуацијата.
Погледнете ги следните стилови според Големан!
Потсетете се и дознајте кои стилови ги користите во својата работа.
Возрасните претставуваат пример за однесување на учениците. Наставниците поставуваат модели за однесувањето на учениците и тогаш кога немаат таква намера. Однесувањето на наставникот влијае врз тоа како се чувствуваат учениците и каква е нивната мотивираност да научат.
Наставникот не треба да гради нити ладна и стравотна атмосфера во училиницата, нити пак премногу слободна атмосфера користејќи само еден наставен стил. Добрите наставници користат низа стилови, во зависност од ситуацијата.
Погледнете ги следните стилови според Големан!
Потсетете се и дознајте кои стилови ги користите во својата работа.
1. Команден
Целта е да се побара итно исполнување. Наставникот користи многу директиви, наместо насоки, очекува исполнување, држи цврста контрола, и наметнува многу санкции со малку награди. Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Прави што ќе ти кажам". Кога се применува? За едноставни, јасни задачи – на пример, поправање на учесникот што намерно не ги почитува договорените основни правила за групата или ја дели групата на помали групи. Целосно влијание врз атмосферата во групата: негативно – и треба ретко да се користи, на пример, ако треба повторно да воспостави контрола 3. Солидарен Целта е да се создаде хармонија и да се изградат односи во групата и меѓу групата. Наставникот најмногу го засега промовирањето пријателски интеракции, нагласокот е на личните потреби на учесниците наместо на целите/стандардите, се грижи за целата личност, при што ги избегнува недоразбирањата. Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Луѓето се на прво место". Кога се применува најдобро? За смирување расправи во групата или за да се мотивираат учесниците во стресни околности. На пример, ако загубил член од групата некој близок, или ако темата побудува емотивни сеќавања од личното ученичко искуство на учесниците. Целосно влијание врз атмосферата во групата: позитивно – треба да се користи често за да се изрази грижата за добросостојбата на поединците и на групата. 5. Диктирачки стил Целта е да се изработат висококвалитетни задачи. Наставникот води со сопствен пример, демонстрира високи стандарди, очекува другите да ги знаат основните принципи зад она што го покажува тој со сопствен пример, нерадо делегира, не сочувствува многу со оние што споро учат и ја спасува ситуацијата кога се појавуваат тешкотии во групата. Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Правете како мене, и тоа веднаш". Кога се применува? За постигнување брзи резултати од високо мотивирани и компетентни групи, на пример, група на која се допаѓа програмата „Намалување на насилството во училиштата", но која не го достигнува својот потенцијал и ќе има придобивка ако се натера да научи повеќе за да продолжи заедно понатаму. Целосно влијание врз атмосферата во групата: негативно – најкорисен е само како облик, кога се мотивира групата. Треба да се внимава да не се дозволи групата да се навикне на тоа да ја поттурнува наставникот. |
2. Авторитативен
Целта е да обезбеди долгорочно насочување и разбирање за учесниците. Наставникот развива визија за иднината, ги убедува учесниците со тоа што им објаснува „зошто"се нештата такви, и подеднакво користи и позитивни и негативни повратни информации, за да им помогне на учесниците да бидат дел од визијата. Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Дојди со мене". Кога се применува? Кога промените диктираат потреба од нова визија или кога се бара јасно насочување. На пример при претставување принципи што ќе им помогнат на учесниците да го подобрат однесувањето на учениците. Целосно влијание врз атмосферата во групата: најчесто многу позитивно – треба да се користи често. 4. Демократски Целта е да се изгради приврзаност кон идеите и да се генерираат нови идеи од самите учесници. Наставникот поттикнува учество, бара консензус и сака да придобие преку чувството на сопственост. Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Што мислите?" Кога се применува? Да се изгради вклученост или консензус или да се придобијат учениците да дадат свој влог од сопственото искуство; може да се користи и кога е визијата јасна, но активностите што треба да доведат до нејзино остварување не се толку јасни, или е потребно да се вклучат поголем дел од учесници, на пример, кога се објаснуваат исходите од учењето или кога се прашува за интересите на учесниците и за потребите за учење. Целосно влијание врз атмосферата во групата: позитивно – најсоодветен е кога се организираат групните активности и кога се охрабруваат учениците целосно да се вложат во училишните активности. 6. Подучувачки Целта е да се поддржи долгорочниот развој на учесниците. Наставникот им помага на членовите на групата да ги идентификуваат своите силни и слаби страни, ги охрабрува да планираат понатамошно развивање по програмата „Намалување на насилството во училиштата", се договара за насоката во која ќе се продолжи, дава тековни совети и повратни информации и може моменталните стандарди на изведување да ги замени со долгорочен развој. Изразен со една фраза, стилот би гласел:„Обидете се". Кога се применува најдобро? За да им помогне на учениците да ја подобрат својата работа во училиштето и да развијат трајни силни страни, на пример, да станат многу посигурни во начинот на поставување стандарди во училиштето или во спротивставувањето на некој што сака да доминира. Целосно влијание врз атмосферата во групата: позитивно – стил што е особено поволен за работење со учесниците врз училишните активности и за време на училишните посети. |